„Rolls-Royce“ успешно тестираше авионски мотор на водород

Точка

28/11/2022

16:01

25.422

Големина на фонт

а а а

„Rolls-Royce“ и неговиот партнер во тестирањето „EasyJet“ се обидуваат да докаже дека водородот може да биде сигурно и ефективно гориво за цивилни авиони.

Британскиот „Rolls-Royce“ објави во понеделник дека успешно тестирал авионски мотор на водород, прв пат во светот на авијацијата, што е важен чекор кон декарбонизација на воздушниот сообраќај.

При тестирањето на земја, со помош на сменетиот мотор „AE 2100-A“, бил користен зелен водород произведен со помош на ветер и енергија на бранови, објавила британската компанија.

„Rolls‘ и неговиот партнер во тестирањето „EasyJet“ се обидуваат да докаже дека водородот може да биде сигурно и ефективно гориво за цивилни авиони.


Веќе планираат други тестови, а долгорочно сакаат да направат и тестирања во воздух.

Водородот е една од технологиите која би можела да и овозможи на авионската индустрија до 2050-та година да биде јаглеродно неутрална.

„Airbus“ работи со француско-американскиот произведувач на мотори „CFM International“ на тестирање на технологија за примена на водород како погонско гориво за авиони.


Во февруари објавиле дека планираат да постават посебно прилагодена верзија на мотор од сегашната генерација во близина на страничниот дел на „Суперџамбо“ тест авионот „A380“.

Но, Европската унија во 2021-ва година порачала дека повеќето авиони ќе се потпираат на традиционалните мотори најмалку до 2050-та година.

Преминувањето на мотори на водород би барало сосема нов дизајн на авионите и инфраструктура на аеродромите.


Ерик Шулц, главен директор на „SHZ Consultings“, во јули изјавил дека промените на дизајнот се толку големи што ќе биде потребно повеќе од една генерација на авиони за тоа да се постигне.

Други технологии кои ги поддржуваат компании како „Rolls-Royce“ вклучуваат електрични мотори, кои на почетокот би биле користени за кратки летови и одржливо авионско гориво.

Моторите кои веќе се користат можат да користат мешавина од одржливо и конвенционално гориво, но засега тоа се произведува во многу мали количини.

Би можело да се произведува со комбинација на јаглерод фатен од воздухот со зелен водород, но тој процес бара многу енергија и сè уште не е лесно достапен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг