Истражување покажа кој вид храна може да предизвика болка и кај целосно здравите луѓе

Точка

28/11/2022

14:07

8.520

Големина на фонт

а а а

Познато е дека долготрајното јадење брза храна може да доведе до хронична болка, но сега истражувачите порачуваат дека дури и само неколку такви оброци можат да предизвикаат штета.

Консумирањето брза храна може да предизвика бoлка или да ги направи луѓето да бидат чувствителни на болка, дури и доколку се здрави и витки.

Студијата покажала дека одредени масти во брзата храна можат да предизвикаат таложење на холестерол во артериите што доведува до воспаленија, а тоа е причината за болки во зглобовите и прави луѓето да бидат чувствителни на болка.


Познато е дека долготрајното јадење брза храна може да доведе до хронична болка, но сега истражувачите порачуваат дека дури и само неколку такви оброци можат да предизвикаат штета.

Студијата спроведена на глувци покажала дека заситените масти во крвта се врзуваат за рецепторите на нервните клетки, што доведува до воспаленија и предизвикуваат симптоми на оштетени нерви.

Процесот бил забележан по само осум седмици исхрана со висок удел на масти која не содржела доволно калории за да влијае на дебелеење.

„Оваа студија покажува дека доволно кратко време јадење мрсна храна може да предизвика да чувствувате болка“, изјавил доктор Мајкл Бартон, асистент професор по невронаука на универзитетот во Далас.


Научниците истакнуваат дека останува сето тоа да се испита на луѓето, односно дали лошата исхрана 100 отсто може да биде причина за болка, па дури и за поединци кои не се гојазни и здраво се хранат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг