Патнички воз прегази машко лице – пешак на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река.
Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.