Проработи најголемиот активен вулкан во светот

Макфакс

28/11/2022

13:17

1.274

Големина на фонт

а а а

Американскиот геолошки институт денеска соопшти дека синоќа еруптирал вулканот Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан во светот.

Во соопштението за медиумите се прецизира дека во неделата вечерта започнала ерупцијата во калдерата, проширувањето на кратерот формиран на врвот на вулканот.

„Во овој момент, тековите на лава се ограничени на областа под врвот на вулканот и не ги загрозуваат населбите во базата“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Геолошкиот институт на Хаваи објави дека хеликоптери ќе летаат над поширокото подрачје на ерупцијата за да ја анализираат ерупцијата и количината на ослободен чад и пепел, пренесе Ало.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг