Само Роналдо и Гризман се пред Перишиќ

Макфакс

28/11/2022

13:12

1.240

Големина на фонт

а а а

Иван Перишиќ (33), покрај Лука Модриќ е најважниот играч во хрватската репрезентација на СП во Катар. Фудбалерот на Тотенхем, вчера, во победата на Хрватска над Канада (4:1) забележа две асистенции.

Перишиќ со својот настап на овој натпревар постигна два историски подвизи. Тој стана првиот хрватски фудбалер со две асистенции на еден натпревар на едно големо натпреварување, а сега неговиот скор на ЕП и Светските првенства од 2012 година е девет гола и седум асистенции.

Во последните 10 години, Перишиќ, директно бил вклучен во 16 голови на Хрватска. На оваа листа се израмни со Антоан Гризман (11 гола + 5 асистенции). Пред нив е само Кристијано Роналдо со 17 гола и четири асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг