Познатата пејачка објави фотографија како од филм за возрасни, фановите загрижени: „Само сакам да знам дали е добро“

Точка

28/11/2022

12:19

16.117

Големина на фонт

а а а

Провокативните фотографии не се новитет на Инстаграм профилот на Бритни Спирс, но вчера таа објавила шокантна фотографија поради која многумина се запрашале што се случува со славната пејачка.

На фотографијата Бритни лежи во када без ниту едно парче облека на неа, во повеќе од експлицитна поза, а покрај фотографиите бил напишан коментар кој алудира на нејзината умешност во сексот.

„Само сакам да знам дали е добро. Бритни, ако ти си го објавила ова, обрати нѝ се и кажи нѝ дали си добро“, „Кој објавува вакви фотографии?“, „Сите знаеме како ќе заврши ова“, пишувале загрижените фанови, додека други тврдат дека нејзиниот профил бил хакиран.

„И потоа се прашувате зошто децата се одвоени од неа“, „Нејзиниот татко вели - ви реков дека ова ќе се случи“, гласат коментарите кои алудираат на проблематичниот однос на Бритни со синовите кои живеат со нивниот татко Кевин Федерлајн и фактот дека нејзиниот татко 13 години го контролираше животот на пејачката, откако минатата година судот ја ослободи.

Многумина ги оправдуваат фотографиите токму со таа слобода, па велат дека Бритни повеќе не е истата личност, дека креирала сопствен свет изолиран од јавноста (бидејќи речиси и не излегува од домот) и дека ќе ѝ биде потребно многу време за да закрепне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг