Србија направи голем пресврт за три минути

Дерби

28/11/2022

12:02

1.671

Големина на фонт

а а а

Српската фудбалска репрезентација направи пресврт за неколку минути на дуелот со Камерун и успеа да го заврши првото полувреме со предност од 2:1.

Судиите одредија шест минути судиско надополнување при водство на Камерун, а тогаш на сцена стапи селекцијата предводена од Драган Стојковиќ.

Најпрвин дефанзивецот Страхиња Павловиќ израмни со удар со глава по нафрлување од прекин, за две минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ да го совлада Епаси за 2:1.

Претходно, Србија пропушти неколку големи шанси, па Камерун поведе од прекин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг