Зубац одигра натпревар за паметење, соиграчите го „тушираа“ на теренот

Макфакс

28/11/2022

11:52

6.485

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот центар Ивица Зубац го одбележа последниот натпреварувачки ден во НБА, со својот најдобар настап во лигата досега.

Зубац му помогна на тимот на Лос Анџелес Клиперс да стигне до победа над Индијана, а тоа го направи со неверојатен ефект од 31 поен и 29 скока.

Центарот на Клиперс заработи шест лични грешки и не успеа да стигне до ефектот 30-30, нешто што се нема случено во НБА од 1981 година.

Последен кошаркар кој имал 31 поен, 29 скокови и 3 блокади бил Карим Абдул-Џабар во 1978 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг