Згодниот актер би можел да биде новиот Џејмс Бонд: „Тој е фаворит, брилираше на тајната аудиција“

Точка

28/11/2022

21:15

11.617

Големина на фонт

а а а

Арон Тејлор-Џонсон наводно е главниот избор за актер кој би можел да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд.

Според пишувањата на светските медиуми, тој учествувал на тајна филмска аудиција во студиото „Pinewood“ и ја импресионирал филмската продуцентка Барбара Броколи.

„Арон учествувал на филмска аудиција, за да стане идниот Џејмс Бонд во септември. Им се допадна на Барбара и продуцентите и е еден од фаворитите за улогата“, изјавил анонимен извор за „The Sun“.

Медиумите пишуваат и дека Идрис Елба се откажал од преговорите да биде новиот 007, а обложувалниците претходно прогнозираа дека таа улога би можеле да ја преземат Хенри Кавил, Реге Жан Пејџ, Том Харди, Џејмс Нортон или Чиветел Еџиофор.

Оженет со познатата режисерка која е 23 години постара од него

32-годишниот актер кој е во брак со Сем Тејлор-Џонсон (55), режисерка на филмот „50 Shades of Grey“, глумеше во филмовите „Kick-Ass“, „Avengers: Age of Ultron“, „Godzilla“, „Bullet Train“ итн. Кариерата ја започнал во серијата „Armadillo“ од 2001 година, а стана познат по улогата во биографскиот филм за Џон Ленон од 2009 година, „Nowhere Boy“.

Арон и Сем се запознале во 2009 година на сетот на филмот „Nowhere Boy“, во кој тој глуми, а е во нејзина режија. Актерот имал 19 години кога започнал да се забавува со тогаш 42-годишната режисерка, а се венчаа во 2012 година. Денес имаат 2 деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг