Русија планира да ја напушти УЕФА и да се префрли во друга конфедерација

Дерби

28/11/2022

11:19

1.114

Големина на фонт

а а а

Руската фудбалска федерација се најде под најстроги санкции од УЕФА и ФИФА, па фудбалот во оваа земја трпи голем удар како последица на воениот конфликт во регионот.

Репрезентацијата и клубовите се чини уште долго нема да имаат пристап до меѓународни натпревари, а тоа ги натерало Русите да размислуваат за барање алтернатива.

Медиумите во земјата тврдат дека челниците на федерацијата донеле одлука за напуштање на европското семејство, односно УЕФА и приклучување кон Азиската конфедерација.

Одлуката и реализацијата на планот се поткрепени со идејата за настап на клубовите и репрезентациите на ниво на конфедерацијата, за што сигурно ќе бидат барани и гаранции.

– Пред неколку месеци делуваше дека идејата за настап во Азија е избрзана, но сега мора да ја сметаме за реална и потребна, – изјавил претставник на федерацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг