Додека Западот се бори да ја исполни побарувачката на Украина за повеќе оружје, Пентагон го разгледува предлогот на Боинг да и достави на Украина евтини, мали, прецизно наведувани ракети кои ги има во доволен број за да му дозволи на Киев да работи далеку зад руските линии, пренесува „Ројтерс“.
Воените залихи на САД и сојузниците се намалуваат, а како што војната се одолговлекува, Украина се соочува со зголемена потреба за пософистицирано оружје.
Системот предложен од компанијата Боинг, наречен GLSDB, е еден од десетината планови за производство на нова муниција за Украина и другите источноевропски сојузници на САД, потврдија за британската агенција извори од воената индустрија.
Според документот што го видел „Ројтерс“, GLSDB би можел да биде испорачан уште на пролет следната година.