Денеска за православните верници започнува големиот Божиќен пост, а бидејќи зимскиот период е пред нас, тој е идеален и за чистење на организмот од тешката храна која е карактеристична за зимата.
Исто така, се верува дека консумирањето месо во текот на сезоната на вируси дополнително ја зголемува телесната температура. Меѓутоа, во текот на постот фокусот е ставен на храната богата со витамини и минерали, како овошјето и зеленчукот, а тие се клучни за силен имунитет.
Еве што треба задолжително да внесувате во текот на постењето, за вашето здравје да биде оптимално:
Лукот е природен борец против патогените бактерии и вирусите. Покрај тоа, богат е со витамини и минерали особено витамин Ц и селен.
Фолната киселина која им се препорачува на трудниците, треба да биде дел од сечија секојдневна исхрана. Таа е заслужна за создавање на црвени крвни зрнца и „бришење“ на грешките во ДНК низата кои настануваат поради болестите и нездравиот начин на живот. Со фолната киселина, на природен начин се елиминираат причините кои предизвикуваат астма, егзема, автоимуни болести итн. Фолната киселина се содржи во портокалот, житариците, зелениот зеленчук...
Овој минерал е исто така заслужен за отпорноста на организмот на вируси. Цинкот може да се пронајде во семките од тиква и другите семиња.
Копривата, какаото, цвеклото и леблебијата изобилуваат со железо. Леблебијата дури содржи двојно повеќе железо од истата грамажа месо. Какаото изобилува и со магнезиум, па ако чувствувате порив за чоколадо, можеби вашето тело има потреба од овој минерал кој е заслужен за опуштање на мускулите и нервниот систем.
Ориганото е одличен сојузник во борбата со вирусните инфекции кои го напаѓаат респираторниот систем.
Овој зачин кој главно се поврзува со слатките јадења, има способност да ја подобри циркулацијата во телото и да ги намали разните воспаленија.
Сусамот содржи повеќе калциум од млечните производи и се користи во лекување на кревките коски. Меѓутоа, телото може да го искористи само мелениот сусам (истото важи и за лененото семе) бидејќи мембраните на семето не дозволуваат да се апсорбираат хранливите состојки од внатрешноста. Умерената употреба на сусамот ја подобрува крвната слика, бидејќи освен калциум содржи и големи количини на железо, витамин Е и други витамини и минерали.
Медот, како и другите пчелини производи, помага во лекување и зачувување на здравјето на горните и долните респираторни органи.
Чајот од ѓумбир ефикасно го зајакнува имунитетот, но во големи количини може да предизвика крварење, па затоа не смее да се претерува со него.