Повеќе изгледа како играчка отколку како најсовремено превозно средство: Низ центарот на Сеул почна кружи автобус без возач

Точка

27/11/2022

16:25

12.082

Големина на фонт

а а а

Градската управа на Сеул ја започна првата линија на превоз во рамките на која сообраќаат автобуси без возачи на компанијата „Hyundai“.

Станува збор за најнов чекор во рамките на настојувањето на Јужна Кореја автономните автобуси да станат реалност.

Новото возило не изгледа како обичен автобус – има заоблени краеви и големи прозорци поради кои повеќе изгледа како играчка отколку како најсовремен облик на превоз, наведува „AFP“.

Автобусите можат да пренесат седум патници и на почетокот, со надзор на возач, ќе се движат во туристичката и комерцијалната зона во центарот на Сеул. Станува збор за круг од 3,4 километри кој автобусот го минува за околу 20 минути.

Возењето е бесплатно во текот на пробниот период, а патниците можат да влезат во автобусот откако претходно ќе резервираат седиште преку апликација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг