Милион луѓе замрзнуваат во Киев! Температурите се околу нула, паѓа снег, а струја и греење имаат само повремено

Точка

27/11/2022

16:06

3.786

Големина на фонт

а а а

Во Киев падна снег температурата денеска е околу нула степени Целзиусови, а милиони луѓе во украинската престолнина и околината се соочуваат со рестрикции во снабдувањето со електрична енергија и централно греење предизвикани од руските воздушни напади.

Студеното време постепено ја зголемува енергетската потреба на потрошувачите, а работата на поправката на погодените електроенергетски објекти е во тек, соопшти операторот Укренерго, пренесува „Reuters“.

Произведувачите на електрична енергија и натаму не се во можност да обезбедат целосно снабдување со електрична енергија по руските ракетни напади во средата и немаат друг избор освен да штедат енергија со воведување на рестрикции, се наведува во соопштението.


„Режимот на рестрикции на потрошувачката и натаму е на сила поради дефицитот на капацитети, кој моментално изнесува околу 20 проценти“, навел Укренерго на Телеграм.

Дејвид Арахамија, лидер на партијата Слуга на народот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изнел предвидување дека Русија наредната седмица ќе изведе нови инфраструктурни напади и додал дека таа недела би можела да биде навистина тешка.


Зеленски вчера изјавил дека постојат рестрикции на електрична енергија во 14 од 27 украински региони.

Рестрикциите влијаат на повеќе од 100.000 потрошувачи во секој од регионите, рекол тој.

Погодените региони ја вклучуваат и престолнината Киев и соседниот регион.


„Ако потрошувачката се зголеми навечер, исклучувањата може да бидат зголемени“, истакнал Зеленски во ноќното видеообраќање, повторувајќи го апелот до граѓаните да штедат струја.

Прогностичарите очекуваат продолжување на снежните врнежи во Киев до средината на неделата, а температурите би требало да останат под нула степени Целзиусови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг