Зошто новите процесори, плочи и графички карти сè се поскапи и поскапи

Точка

27/11/2022

14:58

12.801

Големина на фонт

а а а

Освен моменталното намалување на цените на DRAM меморија и флеш меморија поради пазарните фактори и понудата и побарувачката во овој дел од индустријата, многу PC производи значајно поскапеле во текот на оваа година. Тоа најдобро се гледа во примерот со централните процесори, графички карти и матични плочи.

Јапонската интернет страна „PCWatch“ пред неколку дена објави интересна статија на тема актуелниот проблем со постепеното снемување на евтини CPU верзии. Станува збор за централни процесори со цена од околу 100 долари, сегмент кој инаку досега бил многу популарен на пазарите со послаби платежни можности. Оваа класа на процесор досега била избор на многу корисници со почетни барања и тоа во минатото се однесувало на сегментот „Pentium“ и „Celeron“ процесори на кои главен конкурент им бил „AMD Athlon“. Доколку сега ги разгледате актуелните понуди, ќе забележите дека нивната понуда значајно се намалила, а во некои случаи и целосно исчезнала во однос на некои други времиња кога имале најмногу понуди во повеќето продавници.

Една од главните причини зошто има се помалку евтини CPU чипови е напредната технологија – добро прочитавте – колку е технологијата понапредна, толку е поскапа бидејќи вложувањата во производството, фабриките и современите материјали се поголеми, па на произведувачите им е сè потешко да лансираат евтини процесори во иднина, бидејќи едноставно не се исплатливи.

Прецизните Јапонци направиле пресметка, на основа на моменталните цени на обработката на силициумскиот „колач“ добиен од процесот од кој се добиваат чипови. Неговата моментална цена е 20.000 американски долари, при што стапката на принос на исправни чипови е околу 80%, а ценат на чип со јадро со површина од 100 мм2 изнесува 42,6 долари. Доколку површината на се помоќните процесори продолжи со трендот на зголемување до 300 мм2, тогаш цената ќе изнесува 210,5 американски долари.

Во иднина процесот на производство ќе продолжи со унапредувањето, а секоја измена на големо ќе ја зголемува цената на финалниот производ. Не треба да се биде многу паметен да се заклучи како ќе се одвива ситуацијата со послабите CPU модели.

Дури и за оние со најмала површина на јадрото,цената на процесорските силициумски плочи би била 42,6 долари. Покрај другите чекори во производството во смисла на додатоци како интерпозер, ладилник и други делови, плус трошоците на комерцијалниот промет, укажувајќи на тоа дека станува се потешко да се произведуваат чипови кои чинат помалку од 100 американски долари.

Ова не важи само за „Intel“, „AMD“ и „Nvidia“ процесорите кои по правило се најгломазни во смисла на бројот на вградени транзистори и површината и искористениот силициум, туку и за големината на моментално поевтините и помалку комплицирани мобилни процесори кои користат „TSMC“ технологија, а чија цена во иднината исто така е неблагодарно да се прогнозира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг