Внуката на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи се заврте против Техеран

Точка

27/11/2022

14:40

3.165

Големина на фонт

а а а

Внуката на врховниот верски лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, позната активистка за човекови права, ги повикала странските влади да ги прекинат сите врски со Техеран.

Таа се одлучила на овој чекор поради насилното задушување на народните немири предизвикани од смртта на младата Иранка во притворот на полицијата за морал.


Видео-снимката од изјавата на Фариде Морадкани, инженер чиј покоен татко бил истакната опозициска личност и шура на Хамнеи, масовно се споделува на интернет откако опозициската новинска агенција „HRANA“ соопштила дека Морадкани е уапсена на 23-ти ноември, пренесува „Reuters“.


„Слободен свету, биди со нас. Порачајте им на своите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим кој убива деца. Овој режим не е верен на ниеден верски принцип и не познава никакви правила, освен сила и одржување на власт“, порачала Морадкани во своето видео.


Агенцијата „HRANA“ соопштила дека во текот на двомесечните немири убиени се 450 демонстранти ширум земјата, вклучувајќи 63 малолетници, дека животот го изгубиле 60 припадници на силите за безбедност и приведени 18.173 демонстранти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг