Приведен дилер, пронајдена дрога во Скопје

Макфакс

27/11/2022

12:26

1.392

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 22.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(44) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг