Ќе живееме во камено доба, но со Русија нема да се смириме! Советникот на Зеленски одлучен: Подобро да замрзнеме и да седиме без струја

Точка

26/11/2022

18:55

3.401

Големина на фонт

а а а

90% од украинското население е подготвено да живее во услови на камено доба, но не и да се смири со Русија, изјавил за ТВ каналот 1+1 советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Подољак вели дека за Украинците е подобро да замрзнат и да седат без струја, но дека нема да се согласат со барањата на Русија.

„Денес гледаме апсолутно консолидирано јавно мислење, 88-90 проценти од луѓето кои велат: Без светло, но, најважно, без Русија.

Клучниот наратив денес е дека ќе издржиме. Да, тешко е, разбираме дека тоа е тоа што вие го нарекувате замрзнување, привремениот прекин во снабдувањето со струја, вода и греење е тежок. Ние сме цивилизација во 21-ви век и не е јасно како ќе преживееме без елементарни услови.

Но, постои општа одлука во нашето друштво дека е невозможно да го простиме тоа што го направи Русија, не може да попуштиме. Не можеме да се откажеме од територии, тоа ќе значи продолжување на војната.

Тогаш ќе живееме во постојан стрес, бидејќи ќе сфатиме дека психички сме изгубиле. Нема да можеме да ги погледнеме во очи оние кои ги изгубија своите најмили. За нас, тоа е еднонасочна улица.

Ако е студено дома, ако нема струја 14 или 24 часа, нема топла вода, тоа го чувствувам и јас и вие, но доколку за струја го предадеме тоа што го живеевме овие девет месеци, тогаш нема да ја изгубиме само земјата, туку ќе се изгубиме и ние самите“, вели Подољак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг