Што се готви во Катар? Ова традиционално јадење би им се допаднало и на нашите спортисти

Точка

26/11/2022

20:30

15.587

Големина на фонт

а а а

Јадењето мајбос е дел од традиционалната кујна на Катар, а се подготвува многу лесно. Јагнешкото или пилешкото месо се готви во големо тенџере, заедно со оризот, на тивок оган - најмалку еден час (во зависност од месото што го користите), а вкусот е волшебен.

Во продолжение ви носиме рецепт за традиционално катарско јадење кое сигурно би им се допаднало на нашите спортисти.


Состојки:

- 3 чаши ориз;
- 1 цело пилешко, исечено на 4 парчиња;
- 3 средни главици кромид, сечкани;
- 3 домати, ситно сечкани;
- 1 лажица смеса од ѓумбир и лук;
- половина лажичка куркума во прав;
- 1 лажичка црвено чили во прав;
- коцка за пилешка супа;
- половина чаша вода;
- 4-5 лажици масло (за пржење);
- сол, количина по желба;
- 2 ловорови листови.


Подготовка:

Потребно е претходно пилешкото да се маринира во масло и куркума во прав. После тоа оставете малку да се запржи, по 5 минути од двете страни.

Извадете го пилешкото од маслото за пржење, додадете го кромидот, доматот, лажица од смесата со ѓумбир и лук, чилито и убаво измешајте.


Откако ќе се динста 3 минути, додадете половина шолја вода и коцката за супа, па промешајте. Следува оризот, а потоа пилешкото кое го додавате во претходната смеса.

Оставете сè да се крчка еден час на тивок оган. Доколку забележите дека не е доволно сварено, продолжете го процесот на подготовка на храната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг