ЕЛЕМ со пресврт до победа над Аџибадем Систина

Точка

26/11/2022

15:11

130.245

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

ЕЛЕМ со пресврт до победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 6-8(4-3) ЕЛЕМ

Аџибадем Систина: Никола Трајковски 2’ 8’ Даниел Боневски 22’ Диме Стевковски 4’ 6’ Дамјан Н. 39’

ЕЛЕМ: Александар Аврамовски 35’ Влатко Петровски 30’ Александар Бокан 25’ Тихо Груевски 2’ 40’ Горан Николовски 33’ Николче Мицовски 11’ 13’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и ЕЛЕМ, двете екипи во овој натпревар влегоа со брза и офанзивна игра. Екипата на ЕЛЕМ прва го превзема водството во втората минута, но веќе во следниот напад екипата на Аџибадем Систина успеа да израмни а потоа и да дојде до целосен пресврт. Екипата на Систина до 8та минута од полувремето успеа да створи солидна предност од 4-1, но ЕЛЕМ од минута во минута со цврста одбрана и брзи напади успеа да ја стопи разликата и да дојде до само еден гол негатива 4-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлична игра екипата на Аџибадем Систина успеа даго зголеми водството на 5-3 преку погодокот на Боневски, но ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од два гола при резултат од 5-7. Екипата на Аџибадем Систина се обиде со голман играч во финишот од натпреварот резултатски да се врати, но ЕЛЕМ со сигурна одбрана го сочува водството и победи со резултат од 6-8.

Шпаркасе Банка и Bestway Solutions одиграа нерешено

Шпаркасе Банка 2-2(1-2) Bestway Solutions

Шпаркасе Банка: Стефан Стојановски 18’ 36’

Bestway Solutions:Петар Стефановски 7’ Филип Зоксимовски 14’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Шпаркасе Банка и Bestway Solutions двете екипи во ова полувреме влегоа претпазливи и со точни подавања ја развиваа играта по средината од теренот. Екипата на Bestway Solutions прва го отвори резултатот во 7та минута од полувремето преку погодокот на Стефановски по ова водство екипата на Шпаркасе Банка се обидуваше да дојде до израмнување но подзаборави на одбраната што Bestway Solutions го искористи за зголемување на 2-0. До крајот на полувремето екипата на Шпаркасе Банка вршеше константен притисок кон голот на противникот и успеа да намали на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме и двете екипи ја засилија играта во одбраната играјќи затворен фудбал. Екипата на Шпаркасе Банак преку контра напад успеа да го израмни резултатот во самиот финиш од второто полувреме во 36та минута. Екипата на Bestway Solutions се обиде да игра поагресивно во предно поле но искуството на Шпаркасе беше пресудно да го одбие овој налет и да го финишира овој натпревар со нерешен резултат од 2-2.

Џонсон Мети ја искористи подолгата клупа и славеше над Спорт Лајф

Џонсон Мети 8-5(2-2) Спорт Лајф

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 29’ Никола Николовски 19’ 34’ 40’ Стефан Јовановски 10’ Слободан Чичевски 32’ Дарко Ѓурчиновски 26’ 39’

Спорт Лајф: Валерија Ваљак 5’ 9’ Ален Мехмед 21’ Ќами Ибраими 37’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Спорт Лајф, и на двете страни се играше отворен фудбал кој изобилуваше со атрактивни потези кои преку колективна игра уште повеќе доаѓаа до израз. И двете екипи беа на нив на задачата пред се во делот на нападот. Прва до водство дојде екипата на Спорт Лајф по што следеше уште еден одличен напад кој Валерија Ваљак успеа да го преточи во гол за водство од 0-2. Екипата на Џонсон Мети набрзо ги консолидира своите редови и со два последователни гола преку Јовановски и Николовски дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме ид двете екипи продолжија да играат офанзивен фудбал се играше доста отворено со голови на двете страни. Екипата на Џонсон Мети успеа да ја искористи подолгата клупа па со чести измени од минута во минута го подигнуваше интензитетот на игра. Кај Спорт Лајф се примети заморот и играчот помалце во ротација па со самото тоа и падот на концентрација во самиот финиш. Во ваквата игра екипата на Џонсон Мети успеа да слави со 8-5.




Спонзорирани линкови

Маркетинг