Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

Макфакс

26/11/2022

15:06

2.826

Големина на фонт

а а а

Македонскиот премиерот Димитар Ковачевски денеска во Штип изјави дека политичари како бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не се пожелни во земјава.

Ова доаѓа откако Костадинов вчера при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје изјави дека Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со заедничко минато.

„Како што министерството за надворешни работи, но и министерката за култура го осудија, така и јас го осудувам непримерното однесување на Костадинов. Непримерно е човек кој што е дојден како гостин во оваа држава да се однесува на таков начин. Вчера беше чин на отворање на Бугарски културен центар во Скопје, така како што личи, на ист начин како што кажав дека ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каков што имаме и во Софија. Такви политичари како тој вчера и уште еден што мене ми правеше видеа воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи нивната политичка агенда е ширење на немир и нетрпение помеѓу двете држави и народи само поради свој политички интерес. Тие воопшто не мора да доаѓаат тука” – одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Инаку, бугарскиот пратеник и лидер на партијата „Преродба“ вчера меѓудругото рече дека „Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг