Заработува 35.000 долари дневно: Кара Делевињ ја запечати позицијата на најплатен супермодел

Точка

26/11/2022

15:47

6.134

Големина на фонт

а а а

Славната манекенка Кара Делевињ заработува 35.000 долари дневно и со тоа ја запечати својата позиција на најплатен британски супермодел.

Нејзиното богатство доаѓа од манекенството и актерството, а 30-годишната Британка е „тешка“ 55 милиони долари.

Сметките кои ги откри „Daily Mail“ покажуваат дека вредноста на нејзината компанија „Harvey White Properties“ пораснала во 2021 година, а публикацијата наведува дека нејзината заработка од сите извори била еднаква на 35.000 долари дневна заработка. Со тоа ја запечатила позицијата на најплатен британски супермодел.


Нејзината компанија има две подружници во Америка, „Cara Co Inc“ и „Hot Mess Industries LLC“.

Сметките се појавија откако во септември излезе информација дека Кара се однесува непресметливо, по што биле преземени мерки за да се заштитат нејзините интереси во „Cara Co“ во случај да претрпи изненадна промена.

Меѓутоа, неодамна се утврди дека некој активирал задолжница на сметка на нејзините компании во банка така што доколку Делевињ пропадне, би можело да ѝ биде наплатено, што е многу необично за компанија со толку многу готовина и недвижен имот.


„Неочекувано е компанија со толку пари да има обвиненија од овој вид против неа. Малку е веројатно дека ќе пропадне, но ако имате осигуран надомест, станувате први во редот за враќање на она што ви се должи“, изјавил неименуван извор во таа прилика.

Делевињ започнала да се занимава со манекенство на 10 години, а големо богатство стекна минатата година со отворање на премиум компанија за производство на просеко вино заедно со сестрите Попи (36) и Клои (37).



Спонзорирани линкови

Маркетинг