Веста дека легендарната пејачка Шер (76) е во врска со 40 години помладиот пејач Александар Едвардс (36), изненадила многумина.
Меѓутоа, нејзините многубројни фанови не се срамеле да ѝ постават на пејачката непријатни прашања во врска со изборот на партнер.
Цела дискусија започнала на Твитер кога Шер објавила фотографија од својот избраник. Едвардс, како што се гледа од приложениот материјал, позирал без маица и во долна облека, а потоа следел коментарот на Шер.
A.E.Hanging Ot pic.twitter.com/TB5XXJqlxk
— Cher (@cher) November 24, 2022
„На хартија ова изгледа чудно, дури и за мене. Меѓутоа, А.Е. (иницијалите од името и презимето на нејзиното момче) вели дека љубовта не знае за математика“, порачала таа.
Набрзо потоа, корисниците на социјалната мрежа Твитер ја прашале да го опише своето момче, односно да ги наброи неговите најдобри квалитети.
On paper This Looks
— Cher (@cher) November 24, 2022
strange (Even 2 ME)
A.E Says ♥️Doesn’t
Know Math
Секако, Шер немала ништо против тоа, а оваа реченица кратко и јасно го сумирала нивниот целокупен однос.
„Тој е љубезен, паметен, смешен и се бакнуваме како тинејџери“, заклучила пејачката.