ПСВ: Коди Гакпо вреди 100.000.000 евра

Макфакс

26/11/2022

12:49

2.188

Големина на фонт

а а а

Холандија е многу блиску до осминафиналето на Светското првенство. Репрезентацијата предводена од Луи Ван Гал во првите две кола освои четири бода, а во последното коло ќе игра против најслабата селекција во групата, домаќинот Катар.

Во првите две кола Коди Гакпо постигна два гола, во триумфот против Сенегал (2:0) и ремито со Еквадор (1:1). И затоа во ПСВ Ајндховен со задоволство ги тријат рацете, бидејќи ова момче има само 23 години.

Станува збор за напаѓач, висок 190 сантиметри, чија моментална цена на фудбалскиот пазар изнесува 45.000.000 евра. ПСВ нема намера да го продаде за оваа сума, според холандките медиуми во клубот се сигурни дека Гакпо вреди најмалку 100.000.000 евра.

Гакпо е производ на младинската школа на тимот од Ајндховен. Ги помина сите помлади категории, а во првиот тим е од 2018. Десет пати го носеше дресот на холандската репрезентација постигнувајќи четири гола.

Договорот на Коди Гакпо со ПСВ истекува во јуни 2026 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг