Луѓето се делат во две групи – едните обожуваат хорор-филмови, додека пак другите не можат да ги поднесат.
Иако не постои единствен одговор зошто некои луѓе се фасцинирани од хорор-филмовите, а други не, сепак постојат неколку можни објаснувања.
Поединци кои повеќе бараат сензација можат да им одолеат на хорор-филмовите поради начинот на којшто ја толкуваат реакцијата на телото на стрес, вели социологот Марџи Кер која го проучува стравот.
Застрашувачките филмови ќе направат срцето побрзо да ви чука и телото ќе има чувство дека треба да троши енергија.
„Некои од луѓето ќе извлечат позитивно значење од тоа – се чувствуваат реално живи, речиси како што се чувствуваат после навистина интензивен час јога или пак активност која става акцент на вашето тело. Другите луѓе тоа можат да го толкуваат како напад на паника затоа што чувствуваат губење на контрола над тоа што нивното тело го прави“, изјавила Кер.
Многу чувствителните луѓе можат лесно да станат престимулирани од страна на своето опкружување, а исто така имаат тенденција да бидат поемпатични од просечните луѓе. Тоа значи дека можат да имаат поразлична или поинтензивна физиолошка реакција на насилни или страшни филмови.
Луѓето кои во младоста имале позитивно искуство со она што истражувачите го нарекуваат „забавно застрашувачки“, искуство кое запрепастува, но не придонесува во реалниот страв – веќе имаат внатрешен концепт којшто ги апсорбира одредените застрашувачки активности на возбудлив начин, објаснува Кер.
„Доколку родителите своите деца ги изложувале на вистинска количина или вид забава (односно не ги воделе во кино да го гледаат „It“ пред да имаат претстава за тоа какви се чудовиштата во реалноста), таквите деца и идни возрасни повеќе сакаат хорори од оние кои немале таков пристап кој реалноста од страна на своите родители“, објаснила таа.
Некои луѓе уживаат во хорор-филмовите, но особено кога тоа го прават со своите сакани.
„Тоа може да биде прекрасно искуство на социјално зближување. Знаеме дека односите кои реално се под стрес, често се поинтензивни, особено со луѓето со кои веќе имаме позитивни односи. Значи, доколку правите нешто забавно, интензивно и застрашувачко со своите пријатели, на крајот создавате слоевити, богати спомени“, додала Кер.