„Нема да лажам, морав да го направам тоа“: Славната актерка открила што се крие зад популарната жешка сцена со Леонардо ди Каприо

Точка

26/11/2022

13:34

10.093

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка која ја носи титулата една од најубавите жени на светот, Марго Роби, открила дека ѝ требала дополнителна храброст пред снимањето на сцената во спалната соба со Леонардо ди Каприо, со кој заедно глумеше во филмот „The Wolf of Wall Street“.

Марго признала дека испила неколку чаши текила за да се обиде да се смири пред снимањето на интимната сцена, а во тоа време имала само 22 години. Таа заклучила дека иако изгледала самоуверено на екранот, тоа никако не било случај во реалноста.

„Нема да лажам. Испив неколку чаши текила пред сцената затоа што бев нервозна, многу, многу нервозна“, изјавила во едно интервју Марго.


Една од таквите сцени ја прикажува Марго како се обидува да го заведе Леонардо којшто од неа е постар 15 години и тоа во детската соба на нивната ќерка, а истата остана најзапаметена во целиот филм.

Филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година се темели на приказната за реалниот њујоршки брокер Џордан Белфорт (Леонардо ди Каприо), а Марго ја толкува улогата на неговата сопруга Наоми.

Без оглед на тоа што претходно актерката снимала успешни улоги, сепак улогата на Наоми ѝ донела светска слава.

„Снимав сцени кои водеа до секс или завршуваа со секс, но не снимав сцени со секс од почеток до крај како во филмот на Скорсезе. Тоа ми беше прва таква сцена“, изјавила актерката во една прилика за „Vanity Fair“.

Иако тогаш можеби ѝ било тешко, сепак од тогаш актерката нижела филмски проекти, а наскоро ќе ја гледаме и во филмот „Barbie“ како истоимената кукла, во којшто глуми и актерот Рајан Гослинг којшто ќе ја толкува улогата на нејзин љубовен партнер – Кен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг