(Видео) Англија тактизираше, Америка има за што да жали

Дерби

25/11/2022

22:18

2.313

Големина на фонт

а а а

Англија не ја повтори атрактивната и офанзивна игра од првиот меч на Светското првенство, а вечерва имаше и доста посериозен противник во тимот од САД кој покажа дека поседува квалитет за осминафинале.

Реално гледано, Америка беше поблиску до победа на денешниот натпревар кој заврши со најразочарувачкиот резутлат, бидејќи Кристијан Пулишич со силен удар ја погоди гредата во првото полувреме.

Ова беше најубавиот момент на мечот на кој имаше висок ритам, но на кој изостанаа други позрели шанси за да се добие победник во пресметката која двете селекции со нетрпение ја очекуваа.

Во вториот дел, Англија тактизираше и изгледаше како да се задоволи со бод, додека од друга страна, Америка не успеа да најде решение за посериозно да го загрози Пикфорд.

Со ова, на Англија ќе и треба само бод против Велс во третото коло за осминафинале, додека Иран и Америка во директен дуел ќе решаваат за патникот во оваа фаза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг