Шакира остро одговори на обвинувањата за затајување данок: „Ова се методи за нарушување на мојот углед“

Точка

25/11/2022

21:18

4.153

Големина на фонт

а а а

Шакира остро одговори на обвинувањата дека во Шпанија проневерила повеќе од 14,5 милиони долари.

Во изјавата таа вели дека е „прогонувана“ и го обвини шпанското Министерство за финансии дека користи „неприфатливи методи за да му наштети на нејзиниот углед и да ја принуди да потпише договор за порамнување“. Таа додава дека нема намера да се спогоди и дека сака да оди на суд.

„Шакира ги исполнува своите обврски и никогаш претходно немала никакви даночни проблеми. Нема докази кои ги поткрепуваат обвинувањата против неа. Таа веќе платила повеќе од 90 милиони евра за приходи кои не биле остварени во Шпанија“, изјавиле нејзините адвокати.


Пејачката напишала дека е неприфатливо даночниците во своето обвинение да не ја почитуваат правната безбедност која мора да му биде загарантирана на секој даночен обврзник.

„Министерството за финансии побара приватни податоци од болниците каде што одев на прегледи. Тие го прекршија моето право на приватност и презумпцијата на невиност, односно основните права на секој граѓанин“, изјавила пејачката.

Таа обвини неколку претставници на трезорот дека давале изјави за медиумите со што ја прекршиле обврската за тајност и доверливост и на тој начин создале „фиктивна приказна дека таа сè уште била присутна на територијата на Шпанија“.

Инаку, за даночни обврзници се сметаат луѓето кои поминуваат повеќе од 183 дена во Шпанија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг