(Фото) Историски момент за Македонија! Со солзи радосници извршена првата трансплантација на црн дроб на Клинички

Точка

25/11/2022

21:05

7.687

Големина на фонт

а а а

Докторите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија денес ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт, чие семејство вчера се согласило да ги донира органите.

Веста на својот фејсбук профил ја соопштија поранешниот Министер за здравство, Венко Филипче.

Честитки до колегите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија за историската прва...

Posted by Венко Филипче on Петок, 25 ноември 2022

„Со овој нов дострел на македонското здравство во транплантациит, се потврдува стручноста и посветеноста на македонските лекари. Се радувам на секој нов успех, секоја трансплантација значи спасување на живот или полесно секојдневие на пациентите“, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

✅ На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва...

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Петок, 25 ноември 2022

„Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство“, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг