Фантастичниот говор на саудискиот селектор Ренар: Одете да се сликате со Меси!

Макфакс

25/11/2022

16:48

3.866

Големина на фонт

а а а

Селекторот на Саудиска Арабија, Ерв Ренар имаше инспиративен говор на полувремето на дуелот со Аргентина, обвинувајќи ги своите фудбалери дека сакаат да се фотографираат со Лионел Меси, што беше доволно тие да го кренат нивото и од 1:0 негатива да стигнат до славна 2:1 победа.

Францускиот тренер, кој претходно беше селектор и на Замбија, Ангола, Брег на Слонова Коска и Мароко, сметаше дека неговите фудбалери покажале премногу почит кон Меси и го праша „што прават“ на СП.

„Кога Меси ја има топката во средината на теренот, стоите вака пред одбраната. Извадете го телефонот, сликајте со со него ако сакате. Тој ја има топката. Ти си пред нивната одбрана. Нема никој! Видовте што направивте? Зарем не верувате дека можеме да се вратиме? Не чувствувате? Тие играат опуштено. Ајде! Ајде момци, ова е Светско првенство. Дајте го максимумот“, вели Ренар во говорот.

Саудијците утре играат со Полска во второто коло, додека Аргентина има клучен меч со Мексико.



Спонзорирани линкови

Маркетинг