(Фото/Видео) Конечно „BMW“ каков што и треба да биде: Лесен, моќен и бескомпромисен

Точка

25/11/2022

17:19

11.411

Големина на фонт

а а а

Го придвижува најмоќниот шестцилиндарски мотор во историјата на BMW.

Легендарниот 3.0 CSL настанал во 1972-ра година, а сега, по половина век, доаѓа неговиот духовен наследник. „M“ одделот исто така го слави 50-тиот роденден, а наместо свеќа на тортата претстави низа интересни новитети, од каравански „M3“, преку нов „M2“, па се до „CSL“.

И натаму тоа е екстремно спортско купе, но овој пат без хомологациски тегови за натпреварување. Новиот „CSL“ е тука за да го крене имиџот на марката, да донесе дополнителна заработка, но и да и покаже на конкуренцијата како во Баварија може да настанат вистински работи.


Новиот 3.0 CSL се наметнува со агресивен изглед, а купе формата ја презема од „M4“. Освен натпреварувачките налепници, посебно ефектно изгледаат златните бандажи, од напред од 20 инчи, а од назад за број поголеми. Назад повторно гордо стои крилото, исто како што тоа беше случај и на оригиналот. Се на се, доволно и за наследникот да добие прекарот „Batmobile“.


Под хаубата има 3.0 твин-турбо мотор, сега дотеран на дури 560 коњски сили и 550 Nm. Да, максималниот вртежен момент е помал отколку на „M4 CSL“, но со добра причина – овој новитет има рачен менувач. Ако го додадеме на се и задниот погон, јасно е дека забавата со овој болид е загарантирана.


И знајте дека овој автомобил е многу полесен од „M4 CSL“, дури 355 килограми. За се да мине во најдобар ред, се грижат композитните кочници. За сè друго ќе се погрижи возачот и неговото искуство.


„BMW“ планира да произведе само 50 примероци, а за тоа ќе му бидат потребни три месеци. Производството на секој примерок со доста рачно изработени компоненти трае 10 дена, па сметајте на тоа дека цената ќе биде висока.




Спонзорирани линкови

Маркетинг