„Ја делам вашата болка“! Путин прв пат со мајките на руските војници: Не жалам поради започнувањето на војната

Точка

25/11/2022

22:05

3.526

Големина на фонт

а а а

На информациите од интернет не може да им се верува, бидејќи мрежата е полна со лажни вести и информациски напади, изјавил претседателот на Русија Владимир Путин.

„Јасно е дека животот е многу посложен и поразновиден од начинот на кој се прикажува на телевизиските екрани или дури и на интернет, каде не може да се верува на ништо. Таму има многу лажни вести, измами и лаги, како и многу информациски напади“, рекол Путин.

Тој зборувал во текот на состанокот со мајките на руските војници кои учествуваат во војната во Украина.

Рускиот лидер истакнал дека предложил одржување на денешниот состанок бидејќи сакал да ги сослуша мајките на војниците и да ги слушне нивните коментари и идеи од прва рака.


„Вашите информации исто така доаѓаат од таму. Многу информации доаѓаат и до мене, од разни извори, но вашите проценки, мислења, идеи и предлози се сосема друга работа. Ќе се потрудам тоа што ние денеска го зборуваме да биде земено предвид и употребено во вистинскиот живот“, додал Путин.

Путин на мајките им рекол дека телефонски разговарал со војниците на линијата на фронтот: „Разговарав со нив и ме изненадија со расположението и ставот. Не очекуваа дека ќе им се јавам. Овие разговори ми даваат причина да ги наречам херои. Тоа е вистина“.

Тој исто така тврдел дека целото руско раководство, вклучувајќи го и него, ја дели болката на мајките.


„Разбираме дека ништо не може да го замени изгубениот син, изгубеното дете, посебно за мајките, на кои им ги должиме животите. Ќе направиме се за да не се чувствувате заборавени, сè што е во наша моќ да имате рамо на кое можете да се потпрете“, рекол Путин и додал дека „не жали“ поради одлуката да се започне тоа што Кремљ го нарекува специјална воена операција во Украина и ја опишал војната како пресврт во кој Москва конечно се исправила против западната хегемонија.

Руската телевизија не ги пренесувала изјавите на мајките на загинатите војници.

Западните медиуми пишуваат дека состанокот уследил по бројните молби на семејствата на руските војници, кои се жалеле на недостиг на основна опрема и лоши услови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг