(Видео) Меси на пивска пена: Навивачите во Катар можат да добијат пијалок со ликот на омилениот фудбалер

Точка

25/11/2022

15:49

4.723

Големина на фонт

а а а

Навивач од Катар сподели видео од специјално „украсено“ пиво кое може да се добие за време на Светското првенство во оваа земја.

Видеото кое го сподели покажува „машина за пиво“ каде што можете да го изберете ликот на вашиот омилен фудбалер кој сакате да го видите на пијалокот

„Во Катар можете да земете пиво со омилениот играч на него“, стои во описот.

На видеото се гледа како навивач избира слика на Меси која потоа се исцртува на пената.

По веста дека продажбата на алкохол на стадионите и просторот во близина на стадионот е целосно забранета во Катар, многумина помислиле дека се работи за целосна забрана.

Во коментарите под видеото, многумина збунето прашуваат дали воопшто е дозволено пиво.

Сепак, може да се купи алкохол во фан зоните во Катар, но и на самите стадиони во делот VIP и Hospitality, каде што посетителите можат да најдат секакви алкохолни пијалоци - од пиво, до џин, вотка, текила, виски, па сè до вино.




Спонзорирани линкови

Маркетинг