5 предлози како да искомбинирате миди здолниште во деловен изглед

Fashionel.mk

25/11/2022

16:41

7.029

Големина на фонт

а а а

Миди здолништето е едно од оние модни парчиња на кои секогаш можете да се потпрете.

Предноста на овој модел на здолниште е што веднаш создава софистициран изглед во комбинација со класична кошула, едноставна ролка, салонки, чизми и елегантна чанта. Едноставноста и верситалноста на ова здолниште го прави совршен избор при создавање на комбинации за на работа.

Дамите особено го сакаат бидејќи миди здолништето ја издолжува силуетата и му дава елеганција на стајлингот, па уште еднаш потврдуваат дека е совршен избор за пософистициран изглед.

Кога стилизирате миди здолниште, бидејќи е деловна комбинација, акцентот ставете го на едноставност. Сепак, со помош на ефективен накит и впечатлив дезен, можете да внесете дополнителна женственост и модерен шмек во комбинациите.

За да ги совладате правилата за деловно облекување, инспирирајте се од малата колекција деловни изданија што ви ја пренесуваме подолу.

Црн блејзер со класична памучна маичка, миди здолниште и чизми до глуждови


Бела блуза со кожно миди здолниште и вашите омилени чевли


Црн топ со плисирано миди здолниште и чизми до колена


Џемпер без ракави со кожно здолниште и салонки


Ролка со миди здолниште и вашите омилени чевли




Спонзорирани линкови

Маркетинг