(Видео) Фризер бесплатно потстрижил бездомник, а неговата трансформација е неверојатна

Точка

25/11/2022

09:54

14.375

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи ги преплави видео кое прикажува трансформација на бездомник со прилично запуштен изглед.

Бездомникот со неуредна коса и брада се согласил на понудата на Џошуа Сантијаго, фризер кој сакал да го промени неговиот изглед.

Фризерот го запознал бездомникот на улица и одлучил да му ја понуди својата услуга за да изгледа и да се чувствува подобро. Трансформацијата ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи и ако може да се суди по коментарите, сите се согласни за едно, а тоа е дека сега мажот изгледа 20 години помладо.

„Позитивната енергија не познава граници. Ако сите ширеа позитивна енергија на интернет, светот ќе беше поубаво место“, напишал Џошуа во видеото на ТикТок.

Џошуа одлучил да му ги потстрижи огромната брада и коса, а финалниот резултат е за пофалба. Она што е интересно е што бездомникот сам бирал што сака, а фризерот истакнал дека неговото правило е „да им го даде на клиентите она што го бараат“.

„Секоја чест на гестот, ова е прекрасно“, „Не можам да поверувам дека изгледа буквално 20 години помладо“, „Каква разлика прават фризура и брада, тоа не е реално“, „Сега изгледа како кул лик од некоја игра“, гласат коментарите под објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг