Брз тест: Одговорете на следните 4 прашања и дознајте во каква состојба е вашето ментално здравје

Точка

24/11/2022

20:20

12.190

Големина на фонт

а а а

Менталното здравје е исклучително важно, а кога ќе ги забележите првите знаци дека истото е нарушено, неопходно е да се консултирате со психолог.

Таквите симптоми никогаш не треба да ги игнорирате, менталната хигиена е неопходна за здрав, среќен и квалитетен живот на секој поединец.

Одговорете си себе на четири едноставни прашања и дознајте дали вашето ментално здравје е нарушено.

1. Како моето однесување се променило во текот на краток или подолг одмор?

Кога ќе забележите дека вашето однесување нагло се променило во претходните неколку денови, месеци, седмици, тоа е причина за аларм. Некогаш сте оделе на планинарење, сте се дружеле со пријателите, сте се занимавале со спорт или сте танцувале, а сега седите дома замотани во ќебе?


Дали се чувствувате одморено после одмор или пак во текот на викендот се чувствувате уште полошо сè додека не дојде понеделник? Дали се плашите од самотија и не ви годи кога не сте опкружени со луѓе? Доколку себеси се препознавате во овие ситуации, постои ризик од депресивно расположение за кое е неопходно да се консултирате со експерт.

2. Што почесто кажувате – да или не?

Дали сакате да ги прифатите повиците од вашите пријатели или понуди да одите некаде? Дали учите нови нешта, се обидувате да истражувате во областите кои ви се интересни? Дали почесто ги одбивате предлозите и шансите и се заклучувате дома само за да не ја напуштите вашата комфор зона? Ова е целосно во ред доколку ви годи самотија и се чувствувате прекрасно во неа. Но, доколку постојано избегнувате контакти, тоа може да биде сигнал дека нешто постигнувате во себе. Доколку личноста сама се крие од целиот свет за да пати и да се грижи за својата анксиозност и стравови, тоа е јасен симптом на ментални проблеми.

3. Наведете нешто што ви носи вистинско задоволство


Колку работи одеднаш и без многу размислување може да наброите? Отсуството на нормалната човекова радост, можност за уживање во животот, во другите луѓе и некои многу едноставни работи е јасна причина да се посети специјалист. Кога личноста ништо не ја радува и ништо не ѝ носи задоволство, тоа може да биде еден од првите симптоми на депресија.

4. Каква личност гледате во огледало?

Доколку не можете јасно себеси да си го одговорите ова прашање, прашајте ги вашите најсакани. Бидете подготвени на неочекувани, можеби некогаш и непријатни признанија. Доколку повеќето од нив велат дека во последно време одвај можат да ве препознаат, можеби некои промени навистина се случуваат на вашето психичко ниво, а во тој случај најдобро е да поразговарате со специјалист.




Спонзорирани линкови

Маркетинг