(Фото/Видео) Слатка одмазда за неговото неверство! Пејачка изнајмила билборд пред станот на поранешниот: „Се надевам дека ме гледа секој ден“

Точка

24/11/2022

17:22

22.541

Големина на фонт

а а а

Пејачката и текстописец (25) го залепила својот лик на билборди ширум Лос Анџелес, вклучувајќи и еден кој стратешки го поставила да биде пред куќата на нејзиното поранешно момче, за да му се одмазди за неверството.

„Поранешниот ме изневери, па пред неговиот стан најдов билбор на кој го поставив мојот лик за тој и неговата нова девојка да можат да ме гледаат секој ден“, вели таа во видеото објавено на ТикТок.


Видеото набрзо станало вирално – прегледано е повеќе од 4,3 милиони пати, пишува „NY Post“.

„Мислам дека, кога некој ќе ви го скрши срцето, само сакате да му се одмаздите и да му покажете дека ви оди многу подобро“, вели Иза.


„Сакав личноста која ми згреши да го види моето лице, да се покае и да види колку добро ми оди. Сакав да види дека имам успешна музичка кариера“, објаснила таа.

Иако билбордите имале цел да ја рекламираат Иза и нејзината пејачка кариера, таа вели дека се надева дека нејзиниот поранешен, кога ќе го отвори прозорецот, ќе ја види неа.


Иза дека порано се трудела да ги задоволи сите и дека ѝ било многу важно што мислат другите за неа, но сега тоа го надминала. Затоа, вели таа, не ѝ е грижа што мисли нејзиниот поранешен за нејзиниот потег, бидејќи се чувствува добро за начинот на кој му возвратила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг