Едно чувство ги поттикнува мажите да се заљубат и да почнат да сакаат: Психолозите откриваат како да ја развиете и сочувате љубовта во врската

Точка

24/11/2022

17:12

25.291

Големина на фонт

а а а

Психолозите и експертите за љубовни врски истакнуваат дека емоционалната привлечност е тоа што ги поттикнува мажите да го отворат своето срце, да ги споделат чувствата и да се поврзат со жената на подлабоко ниво.

Кога постои емоционална привлечност која е многу помоќна од физичката, тогаш врската започнува да добива шанса за иднината и односот е поквалитетен.

Кога мажот вели дека повеќе не се чувствува заљубен, тој во суштина сака да каже: „Некогаш се чувствував физички и емоционално привлечен кон тебе, но сега емоционалната компонента исчезна. Затоа мислам дека нешто не е во ред“.


Емоционалната привлечност не опстојува сама по себе туку на неа треба постојано да работите, постојано одново да ја усовршувате на емотивно ниво, но во тоа треба да учествуваат и двајцата партнери. За кај мажот да остане емоционалната привлечност, неопходно е вие да бидете емоционално отворени, да ги покажете своите чувства.

Исто така една од грешките е да не му дозволите на партнерот да има личен простор. Кога мажот бара личен простор или го креира, сакате да се соочите со него, а тоа само ја влошува ситуацијата. Затоа што луѓето инстиктивно бегаат од она што ги гуши.

И партнерот во таква ситуација се чувствува како да му ја загрозувате слободата. Секому од нас му е потребен простор за себе, дајте си и себеси и нему време во текот на денот да бидете малку сами, размислувајте кога е потребно и посветете се самите на себе.


Важно е да не забораваме дека љубовта и емоционалната привлечност постојано се „загреваат“, а тоа што ги намалува е константната рутина. Внесете заедно малку промена во вашиот однос, отпатувајте некаде за викенд, запишете се заедно на некој курс, пронајдете заедничко хоби, поминувајте повеќе време заедно, променете ги обрасците за секс, зборувајте си еден со друг за своите емоции, излезете некаде заедно.

Тоа што е важно за емоционалната привлечност е емоцијата на љубовта, но и забавата и заедничкото поимање на животот како скапоцена вредност. Кога гледате низ животот со магични очила на оптимизмот, можете како пар да остварите повеќе и да освоите нови хоризонти во љубовта. Негувајте го својот однос и секој ден јакнете ја врската на вашите срца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг