Родителите се нашле на удар на критики откако на „Reddit“ била објавена снимка од однесувањето на нивното дете во авион. Патникот, за кој се претпоставува дека е од САД, ја споделил снимката во која детето дивее во текот на осумчасовниот лет и скока на послужавникот прицврстен на столчето.
Патникот на седиштето напред го игнорира метежот, и покрај тоа што седиштето му се тресе од потскокнувањето на детето. Снимката разбеснила многумина.
„Би се чувствувал како пропаднат родител ако моите деца го прават тоа, а јас да не реагирам“, напишал еден корисник.
„Моите родители би ме исфрлиле од авионот на сред летот“, додал друг.
„Никогаш не би им дозволила на моите деца да го прават ова. Да зборува погласно или да плаче е една работа, а да скока по седиштата е друга. Сосема неприфатливо и неодговорно од родителите“, смета трет корисник.