По само 174 дена: Дирк Кајт доби отказ во Ден Хаг

Дерби

24/11/2022

14:16

1.691

Големина на фонт

а а а

Холандската фудбалска легенда, Дирк Кајт нема по добро да го памети својот прв тренерски предизвик во кариерата.

Некогашниот ас на Феенорд, Ливерпул и Фенербахче заработи отказ на кормилото на Ден Хаг и тоа по само 176 дена откако ја презема оваа функција.

Де Хаг испадна од првата лига и желбата беше Кајт експресно да го врати тимот во елитата, ама резултатите по 16 кола се катастрофални, забележани се само четири победи, освоени се 16 бодови што е доволно само за 17 позиција на табелата.

Првенството продолжува на 11 декември, но засега не се знае кој ќе го наследи Дирк на ова место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг