Пребарајте ги подрумите и гаражите: Ако ги имате овие филмови на VHS касети, можете добро да заработите

Точка

24/11/2022

14:20

4.523

Големина на фонт

а а а

VHS касетите за многумина од нас веќе се заборавено минато, но тоа до неодамна беа и грамофонските плочи кои во последно време доживуваат големо враќање и чии цени незапирливо растат, особено кога станува збор за раритети.

Овие касети настанаа пред повеќе од 10 години, а во живот ги враќаат колекционерите, но и универзитетската библиотека на американскиот Јејл која од 2015 година нуди 3000 VHS наслови, објаснувајќи дека имаат историска и културна вредност.

Ако се прашувате колкава им е паричната вредност, одговорот може да се најде и на „eBay“.

Во продолжение, ви претставуваме список на VHS филмови на кои, ако ги чувате, можете многу да заработите, затоа добро проверете ја својата колекција пред да ја фрлите:

Halloween (1978)

Една оригинална копија од класикот на Карпентер беше продадена за речиси 13.000 долари на аукција на „eBay“ во 2013 година. Подоцна се појавија и други VHS верзии од овој филм, а цената им е околу 300 долари.


Tales from the Quadead Zone (1987)

Овој филм се смета за Свет грал за VHS колекционерите. Хоророт од 1987 година на видеокасета во 2011 година достигна цена од 1000 долари. Со оглед на тоа што станува збор за многу ретка VHS касета, неговата вредност со години расте, па сега се проценува на 2000 долари.

The Texas Chain Saw Massacre (1974)

Половна видеокасета од овој култен хорор на аукција на „eBay“ успеа да постигне цена од 300 долари. Моментално е во понуда уште една копија по цена од 75 долари.

Star Wars: Episode IV - A New Hope (1977)

Пред неколку месеци наводно многу ретка VHS верзија од овој филмски хит од 1977 година е продадена за 110 долари.


The Beauty and The Beast (1992)

Анимираниот класик на „Disney“ исто така има висока цена. На „eBay“, VHS верзија од 1992 година е продадена за околу 500 долари.

Jurassic Park и E.T. (1993/1982)

Култниот филм на Спилберг за диносауруси од 1993 година се нуди на „eBay“ во VHS верзија за вртоглави 500 долари. По истата цена се продава и „E.T.“, како што вели продавачот, во многу добра состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг