Необичен „патник“ пронајден во куфер пред лет Њујорк-Орландо

Точка

24/11/2022

12:28

5.408

Големина на фонт

а а а

Куферот кој е проверен за патување од аеродромот „JFK“ во Њујорк до Орландо на Флорида на 16-ти ноември сигурно содржел некои необични работи.

Додека еден куфер минувал низ рендген апаратот, обезбедувањето на аеродромот „JFK“ во Њујорк забележале чаши за вино, пар апостолки, но и силуета на мачка во природна големина.

Се утврдило дека мачката била вистинска мачка: портокалова, жива, и очигледно неповредена, пишува „CNN“.

Мачката минала неколку часа во куферот за да биде „уфрлена“ на летот за Орландо, Флорида.

Полицајците кои ја виделе мачката на рендген апаратот, а потоа и го отвориле куферот, биле шокирани, рекол портпаролот на „TSA“ Лиса Фарбестајн.

И покрај тоа што секојдневно се среќаваат со многу работи, од неовластено огнено оружје до недозволен сос од брусница, „ретко е да се види живо животно во чекирана торба“, изјавила таа.

За среќа, мачката не се обидела да побегне кога го отвориле куферот.

Патникот е повикан да го објасни својот багаж, а рекол дека „тоа не е негова мачка“.

Изгледа дека мачката, која била на врвот на багажот и на која и ѕиркало крзното од патентот, влегла во куферот незабележано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг