Уште едно урнебесно видео на навивачите на Саудиска Арабија стана хит на ТикТок, на кое се гледа како еден од нив го прекинува новинарот од Јужна Кореја за да праша: „Каде е Меси?“.
Откако видеото беше објавено на ТикТок, се прошири и на други платформи, а на првата беше прегледано повеќе од 3,6 милиони пати.
Под влијание на сензационалната победа над Аргентина од 2:1, навивач прекинал репортер во живо надвор од стадионот.
„Каде е Меси?“, прашал и повторил неколкупати. Додека репортерот се смеел, навивачот урнебесно го „барал“ фудбалерот во џебовите.
Видеата од среќните Саудијци ги преплавија социјалните мрежи, а претходно Интернетот го освои видео од навивач како вади врата и ја фрла во дворот по голот на Ал Даусари.
Исто така, победата против Аргентина беше доволна причина следниот ден да се прогласи за државен празник во оваа земја, па средата беше неработен ден за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, а учениците и студентите не одеа на училиште.