Маск објави нова анкета: „Треба ли да понудиме општа амнестија за суспендираните профили“

Точка

24/11/2022

11:33

12.098

Големина на фонт

а а а

Маск, новиот сопственик на Твитер, по анкетата за Трамп, во саботата го врати неговиот профил кој беше суспендиран по минатогодишните напади на американски „Capitol“.

Елон Маск објави нова анкета за враќање на укинатите кориснички профили на Твитер, користејќи иста метода како и во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува „AFP“.

„Дали Твитер би требало да понуди општа амнестија за укинатите профили, под услов корисниците да не го кршат законот и да не користат скандалозни „спамови"“ – Да/Не прашање на кое требало да одговорат корисниците на Твитер.

Пет часа подоцна, пристигнале одговори од околу два милиони корисници, во главно гласајќи „Да“, односно за активирање на укинатите профили.

Маск, новиот сопственик на Твитер по анкетата за Трамп, која покажала дека повеќе до 50 проценти гласале за враќање на профилот на поранешниот претседател, во саботата го вратил неговиот профил кој бил суспендиран по минатогодишните напади на американски Капитол.

„Народот одлучи. Трамп ќе биде вратен“, твитувал Маск пред четири дена, по 15 милиони одговори во анкетата за враќање на профилот на американскиот милијардер и поранешен претседател.


За негова „рехабилитација“ се изјасниле 51,8 проценти од корисниците на Твитер.

„Vox Populi, Vox Dei“, твитувал Маск, латински израз кој значи „гласот на народот е глас на Бога“.

Твитер веќе претходно врати некои контроверзни профили кои беа забранети или суспендирани, вклучувајќи ја и сатиричната веб-страница „Babylon Bee“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг