(Видео) Лидија Кочовска „удри“ по Министерство за култура: „Срамота е што никој од нив не се појави на погребот на мајка ми, разочарувачки е“

Точка

24/11/2022

14:35

8.409

Големина на фонт

а а а

Македонската музичка сцена остана посиромашна за уште едно големо име, откако нѐ напушти Невена Кочовска, пејачката на легендарната македонска група „Мањифико“.

Нејзиниот моќен, а истовремено нежен глас, беше заштитен знак на овој интернационален бенд кој постигна огромен успех во меѓународни рамки. Меѓу личностите пред кои свиреа се и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа свирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот.

Невена и Панче се родители на Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико.

Естрадниот магазин Бекстејџ ѝ одаде почит на Невена, и по тој повод ја покани Лидија која зборуваше за својата мајка, но и го изкажа својот револт бидејќи никој од Министерството за култура не ѝ оддал почит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг