Османи: САД активно учествуваа во постигнувањето договор во Брисел

Макфакс

24/11/2022

11:23

4.923

Големина на фонт

а а а

Косовската претседателка Вјоса Османи им се заблагодари на американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер и на американската влада за активното учество во постигнувањето на договорoт во Брисел за регистарските таблички.

„Сакам да му се заблагодарам на американскиот амбасадор Џеф Ховенер и на американската влада за нивниот активен ангажман во постигнувањето на договорот во Брисел. Нивната поддршка за процесот на дијалог меѓу Косово и Србија е од суштинско значење. Косово е благодарно“, напиша Османи на „Твитер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг