Изгледот на славниот актер загрижува: Беше обвинет за силување и канибализам, неговата сопруга го остави, а татко му се откажа од него

Точка

24/11/2022

11:16

17.105

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Арми Хамер на своја кожа ја почувствувал изреката „од ѕвезда до кал“.

На овој холивудски убавец му се смешкаше блескава кариера по изненадувачкиот успех на остварувањето на Лука Гвадањино, „Call Me By Your Name“, како и филмовите „Sorry to Bother You“, „Wounds“, „Rebecca“ и „Death on the Nile“.

Меѓутоа, обвиненијата за канибализам и објавувањето на бизарните преписки помеѓу актерот и неколку жени беа доволни за Арми Хамер целосно да се избрише од седмата уметност.


Извори блиски до Хамер изјавиле за „People“ дека актерот денес работи на Кајманските острови како менаџер на станбен комплекс.

Според изворот, Хамер кој е правнук на нафтениот тајкун Арманд Хамер (чие богатство е проценето на 800 милиони долари), „не е на семејниот платен список“ и бил приморан да работи редовна работа по холивудскиот пад и обвиненијата за силување кои беа изнесени против него минатата година.

Арми вчера за првпат бил забележан во Венеција по смртта на својот татко. Актерот бил фотографиран во искината и исфлекана маица, а неговиот неугледен изглед предизвикал загриженост.


Мајкл Хамер, таткото на Арми, почина по долга борба со рак. Тој пред смртта бил многу јасен дека не сака да го издржува синот бидејќи ја изневерувал сопругата, е обвинет за силување и поради бизарните пораки во кои се провлекуваат мотиви на канибализам.

Сопругата на актерот, Елизабет, поднесе документи за развод во јули, по 10 години брак со Арми, а парот има 2 деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг