Разиграниот Јокиќ му донесе победа на Денвер, Дончиќ „испука“ 42 поени против Бостон

Дерби

24/11/2022

10:52

7.220

Големина на фонт

а а а

Тимот на Денвер Нагетс славеше над Оклахома Сити Тандер со 131-126 во единствениот натпревар на кој се играше продолжение во богата програма во НБА лигата.

Домаќините имаа убаво водство по три четвртини (97-84), меѓутоа паднаа во завршниот период по што мечот отиде во продолжение каде составот од Колорадо беше поуспешен за 11 сезонски триумф.

Во елемент беше Јокиќ со 39 поени, 10 скока и 9 асистенции, но мора да се каже дека имаше одлична поддршка од Гордон со 31 кош како и Браун кој запиша трипл-дабл од 17 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Далас пак го загуби дербито со Бостон Селтикс со 125-111. Дончиќ направи се што можеше да му помогне на својот тим, уфрли 42 поени со 8 скока и 9 асистенции, меѓутоа на спротивната страна блескаше дуото Тејтум-Браун кое заедно искомбинира 68 поени што е повеќе од половина на целата екипа.

НБА резултати:

Шарлот – Филаделфија 107:101

Кливленд – Портланд 114:96

Индијана – Минесота 101:115

Атланта – Сакраменто 115:106

Бостон – Далас 125:112

Мајами – Вашингтон 113:105

Торонто – Бруклин 98:112

Милвоки – Чикаго 113:118

Оклахома Сити – Денвер 126:131 (прод.)

Сан Антонио – Њу Орлеанс 110:129

Јута – Детроит 116:125

Голден Стејт – ЛА Клиперс 124:107



Спонзорирани линкови

Маркетинг