Украинец опишал како изгледа животот во Киев без струја и вода

Точка

24/11/2022

10:51

3.817

Големина на фонт

а а а

По вчерашниот руски ракетен напад на Киев, голем дел од главниот град на Украина моментално нема електрична и топлинска енергија.

Поранешниот украински министер за економија, Тимофиј Миланов, на Твитер опишал како моментално се живее во Киев без струја, греење и вода додека температурите паѓаат.

„Не сум загрижен за греењето додека температурата не падне под 10 степени“

„Добро утро. Втор ден како нема струја во Киев. 247. ден војна. Нема струја, нема греење, нема вода. Температурата е околу нула.

Мојот стан е сè уште топол од претходните денови, но ќе видиме колку тоа ќе трае. Имаме ќебиња, вреќи за спиење, топла облека. Не сум многу загрижен додека температурата не падне под 10 степени Целзиусови.

Проблем се тоалетите. Имаме резерви од околу 100 литри вода. Снег има и на нашиот балкон. Тоа се изненадувачки големи резерви на вода. Но, секогаш кога одам на балконот по неа, морам во станот да пуштам студен воздух и тоа не е добро“, напишал Миланов на Твитер.

„Ако не размислувам многу за се, денот е нормален“

Поранешниот украински министер вели дека храна во продавниците има, но дека предизвик е да се плати бидејќи повеќето каси работат само со кеш, и само неколку од нив се поврзани со плаќање со кредитни картички.

„Банкарскиот систем е стабилен, но ќе отидам да земам кеш во случај телекомот и банките да паднат. Нема топла храна додека не се врати струјата. Ова не е забавно.

Имаме план во два дела – прво ќе купиме батерии кои се еквивалент на домашните Тесла батерии за да имаме струја, а друго – ќе купиме опрема за готвење на гас или дрва“, навел Миланов.

Миланов вели дека на универзитетот во Киев постои подземно засолниште и дека на првиот кат има агрегат. „Во засолништето има храна, греење и интернет, но проблем е водата. Ако не размислувам премногу за се, денот ми е нормален, само без појадок“, тврди Миланов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг