„Нешто големо мора да се случува“: Џенифер Лопез ги загрижи фановите! Стави црна „профилна“ и ги сокри сите објави на Инстаграм

Точка

23/11/2022

18:35

4.735

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи на Џенифер Лопез „потемнеа“ во вторникот, а следбениците се обидуваат да сфатат што значи тоа.

Сите претходни објави на нејзиниот верифициран Инстаграм профил се сокриени и нема никакви нови објави на нејзините профили на Фејсбук, ТикТок и Твитер.

Лопез има речиси 347 милиони следбеници, од кои 226 се на Инстаграм.


Ваквите акции на познатите личности обично претходат на некаква голема објава. Во петок се навршуваат 20 години од нејзиниот трет студиски албум „This Is Me… Then“, кој го посвети на нејзиното тогашно момче и сегашен сопруг Бен Афлек. Албумот ги вклучуваше сингловите „Jenny from the Block“, „All I Have“ и „Dear Ben“.

На Твитер, последната активност на нејзиниот профил е ретвит од профилот на претстојниот филм „Shotgun Wedding“ на Џеј Ло, со Џош Духамел во главната улога.

„Нешто големо мора да се случува!“, коментира еден корисник на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг